На ден 01.04.2023 г. (Сабота) со почеток во 10.00 ч. ученици од нашето училиште ООУ „Јоаким Крчовски“ заедно со психологот беа вклучени во активноста на МВР на тема МВР за граѓаните. Имено, на Градскиот плоштад учениците делеа флаери-брошури за тоа што е полициско работење, полицијата и заедницата, механизми за контрола на полицијата, внатрешна контрола на полицијата и друго. Брошурите беа делени на случајни минувачи а сето тоа се реализираше и со помош и подршка на претставници од Полициска станица-Крива Паланка.