Во склоп на проектот “Нови начини на учење”нашите ученици имаа можност да ја посетат Хрватска и да престојуваат таму една седмица. Тие заедно со нивните наставници Елена М.Давидовска(координатор на проектот)и Марина Стаменковска беа на третата ученичка мобилност во Плоче, Хрватскс. Темата на мобилноста беше Учиме од секого. На мобилноста учествуваа и други европски држави како Словачка, Полска ,Турција и домаќините Хрватска.Откако првиот ден беа претставени сите држави домаќините имаа организирано настап на хорот и оркестарот од училиштето. Истиот ден беше организирано и разгледување на училиштето и градот со ученици водичи. Истиот ден подоцна имаше посета на Бачинските езера. Следните денови беше организирана и посета на градот Сплит и Дубровник, познати туристички места ,каде имаше можност да се запознаат со историјата на градовите. Учениците беа вклучени во рабитилница на плажа и на брегот на реката Неретва како и работилници од прва помош и за изработка на сувенири во училиштето. Беше организирана и посета на градоначалникот и локалната самоуправа. Целата мобилност во потполност е финансирана од страна на Европската унија.