Меѓународниот ден на љубезноста се слави на 13-ти ноември, овој ден поттикнува на добри дела, позитивна комуникација и внимание кон другите.
Учениците од нашето училиште учествуваа на работилница под мотото ,,Со волшебните зборови кон успех” на која со свои изработки, пишувајќи ги волшебните зборови на балони го одбележаа Светскиот ден на љубезноста. Со ова порачуваме како што летаат балоните така и волшебните зборови да одлетаат до сите нас и да не поттикнат да имаме позитивни мисли и да кажуваме убави зборови посакувајќи си еден на друг среќа, радост и убавини и на тој начин ќе живееме безгрижно и насекаде ќе владее мир.