Денес, 15-ти април, го одбележуваме Светскиот ден на уметноста. Нашите мали уметници со големи срца ги зедоа боичките во раце и создадоа вистински ремек-дела полни со искреност, надеж и бои.
Преку нивните цртежи, тие ни порачуваат:
- Дека секое дете е уметник на свој начин;
- Дека светот е најубав кога е обоен со пријателство и насмевки, и
- Дека социјалната инклузија и заедничкото творење ги уриваат сите бариери.
Уметноста не познава граници – таа е јазик што сите го разбираме.