По повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште, освен во предавањата со еколошки теми соодветно, сите ученици активно се вклучија во нејзиното одбележување преку изработка на еко пораки, ликовни и литературни творби на тема Екологија, со кои потоа ги украсија училниците и училишните ходници.