Денес во нашето училиште со низа креативни, едукативни и еколошки активности го одбележавме Денот на планетата Земја, испраќајќи силна порака дека грижата за природата започнува од најмала возраст.
Учениците од I одделение го одбележаа Денот на планетата Земја преку различни интегрирани активности во текот на целиот ден, учејќи за значењето на чистата и здрава животна средина.
Учениците од II и III одделение ја реализираа активноста „Креативно ја изработуваме планетата Земја“, преку:
• гледање едукативни видеа
• изработка на планетата Земја од пластелин
• слушање песнички за планетата Земја
Учениците, исто така учествуваа во работилница со одделенските наставници Елизабета Стојановска, Елена Николовска, Биљана Петковска Антовска, Биљана Алексовска, Кристинка Петровска и образовниот асистент Виолета Илиевска, при што преку креативни активности ја изразија својата љубов кон планетата Земја.
Учениците од IV одделение од ПОУ – с. Нерав учествуваа во активноста „Планетата Земја – нашиот дом!“, која опфати:
• гледање кратко едукативно видео за планетата Земја
• слушање песнички посветени на нашата планета
• изработка на планетата Земја од глина и темперни бои
Учениците од V-2 одделение, на дополнителниот час по Природни науки, заедно со наставничката Маја Златковска и Јагода Ангеловска, изработуваа ветерници од хартија во боја и упатија силна порака:
„Да ја чуваме нашата планета, бидејќи резервна немаме!“
Преку оваа активност учениците разговараа за важноста од рационално користење на природните ресурси и користење на обновливи извори на енергија, како што се сончевата, хидроенергијата и енергијата на ветерот.
По повод Денот на планетата Земја, учениците од ПОУ с. Подржикоњ изработија проект на тема „Планетата Земја – наша убавина“, преку кој ги претставија своите детски замисли, креативност и љубов кон природата.
Со вакви активности учениците учат дека секој мал чекор е важен за зачувување на нашата планета. Да ја чуваме Земјата денес, за да имаме подобро утре.
На следниот линк погледнете дел од активностите по повод 22 Април – Денот на планетата Земја.“
https://read.bookcreator.com/eQScLvDqFWOqBWBCNdGZrtgPMoO2/qcWsA7UnS96vzjBaL7w1rA