Во еколошкиот календар 22 септември е запишан како СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ.

 Автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот. Тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа. За да се заштити околината од штетните издувни гасови што ги испуштаат автомобилите, како и големата бучава што ја создаваат, сите треба да се намали превозот со нив.

Како дел од Европската недела на мобилност ширум светот се одбележува Светскиот ден без автомобили. Овој ден има цел да ја крене свесноста кај децата и возрасните за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење и велосипедизам). Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.