По повод Европскиот ден на јазиците во нашето училиште беа реализирани работилници, каде што учениците заеднички истражуваа и се едуцираа за повеќе јазици од европското тло.
На иницијатива на Советот на Европа, заедно со Европската комисија, Европскиот ден на јазиците се одбележува на 26 септември, секоја година од 2001 година, па наваму.
Целта на одбележувањето на овој ден е да се потенцира важноста од учење јазици ширум Европа, да се промовира лингвистичката и културна разновидност на Европа, како и да се поттикне доживотно учење јазици, во и надвор од училиштето.