Светскиот ден на лицата со Даунов синдром традиционално се одбележува на 21 март. Даунов синдром претставува генетско нарушување кое настанува за време на формирањето на новиот живот.
Карактеристики на луѓето со Даунов синдром се:
Хипотонија (намален мускулниот тонус)
Вишок кожа на вратот
Рамен профил на лицето
Бели дамки на обоениот дел на окото (Brushfield spots)
Закосен очен капак
Широк корен на носот
Мала уста што го прави јазикот да изгледа малку голем
Мали уши
Широки, кратки раце со кратки прсти
Бразда на дланката
Голем простор меѓу првиот и вториот прст на нозете (sandal gap)
Подпросечна тежина и должина на раѓање.
Постојат одредени здравствени проблеми, кои се јавуваат почесто кај лицата со Down-ов синдром:
Значителен број на луѓе со Down-ов синдром имаат проблеми со слухот и видот
Нарушување на тироидната жлезда
Слаб имунолошки систем
Респираторни проблеми, кашлање и настинка
Факти за Down-овиот синдром:
Down-овиот синдром не е болест, тоа е хромозомска состојба.
Down-ов синдром е најчеста причина на човековите дефекти при раѓањето.
Во поголемиот број случаеви, Down-овиот синдром не е наследна особина.
Во нашето училиште овој ден беше одбележан со најразлични активности.