Денес е светскиот ден на здравјето! Ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО). Светскиот ден на здравјето годинава го одбележуваме под мотото „Мое здравје, мое право!“
Учениците од нашето училиште го одбележаа денот со активности каде целта беше учениците да ја зголемат свесноста за придобивките од здравиот начин на живеење.