Денес, 15-ти април, го одбележуваме Светскиот ден на уметноста. Нашите мали уметници со големи срца ги зедоа боичките во раце и создадоа вистински ремек-дела полни со искреност, надеж и бои.

Преку нивните цртежи, тие ни порачуваат:

  •  Дека секое дете е уметник на свој начин;
  • Дека светот е најубав кога е обоен со пријателство и насмевки, и
  •  Дека социјалната инклузија и заедничкото творење ги уриваат сите бариери.

Уметноста не познава граници – таа е јазик што сите го разбираме.