По повод Меѓународниот ден на детето, во нашето училиште организиравме активности преку кои учениците ги истакнаа своите мисли, желби и пораки за подобар свет.

Преку креативни изработки, разговори и заедничка работа, тие испратија искрени пораки за почитување, другарство, еднаквост, мир и љубов. Учениците нè потсетија дека секое дете има право на среќно детство, квалитетно образование, игра, безгрижност и можност да ги следи своите соништа.

💙 Да се почитуваме, да си помагаме и да бидеме добри другари!
💙 Да играме, да се смееме и да уживаме во секој ден!
💙 Да учиме нови работи и храбро да ги следиме нашите соништа!
💙 Секој од нас е посебен, вреден и важен!
💙 Нека има мир, љубов и радост во целиот свет!

Детските насмевки, искреност и креативност се најубавиот потсетник дека иднината е во нивните раце. Наша заедничка задача е да создадеме свет во кој секое дете ќе расте среќно, безбедно и исполнето со љубов.

🎈 Среќен Меѓународен ден на детето! 🎈