Во периодот од 28 до 30 октомври 2026 година, учениците од IX одделение при ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка успешно ја реализираа тридневната екскурзија на релација Крива Паланка – Охрид – Битола – Крива Паланка.

Во текот на екскурзијата учениците посетија повеќе културно-историски и природни знаменитости: Шарената Џамија во Тетово, Бигорскиот Манастир, Вевчанските Извори, Струга, Охрид, манастирскиот комплекс „Св. Наум“, Битола, Хераклеја Линкестис, Крушево и Прилеп.

Преку посетите учениците имаа можност да се запознаат со богатото културно, историско и природно наследство на Македонија, да стекнат нови знаења и искуства, како и да ги развиваат другарството, одговорноста и тимскиот дух.

Екскурзијата помина во најдобар ред, во пријатна атмосфера и со поволни временски услови. Учениците покажаа висок степен на дисциплина и заинтересираност за содржините предвидени во програмата.

Остануваат убавите спомени, дружењето и многубројните нови искуства кои ќе бидат дел од нивните најубави училишни моменти.