На 11 ноември, во училишната библиотека на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, учениците од VI одделение реализираа интересен и едукативен квиз на знаења по германски јазик, посветен на празникот Свети Мартин (11 ноември) и германските традиционални празници.
Преку забавни прашања и интерактивни задачи, реализирани со помош на едукативните алатки Kahoot и Wordwall, учениците имаа можност да се запознаат со германските обичаи, традиции и културното значење на празникот Свети Мартин.
Активноста поттикна љубопитност, натпреварувачки дух и активно учење, покажувајќи дека јазикот најдобро се усвојува кога учењето е исполнето со игра, истражување и забава.
Учиме јазици, откриваме култури и отвораме нови хоризонти!
Благодарност до наставниците за извонредната подготовка и натпреварувачкиот дух на учениците!
Подготовка и реализација на активноста:
-Наставници по германски јазик: Милена Божовска, Стефани Цветковска Илиевска и Грета Величковски;
-Наставник-советник: Лариса Жулина-Митовски.
Голема благодарност до библиотекарките Јулијана Стоименова и Наташа Милчевска за несебичната поддршка, ангажираноста и создадената пријатна и инспиративна атмосфера, кои придонесоа за успешно реализирање на активноста.