По повод 10 ноември – Светскиот ден на науката за мир и развој, во училишната библиотека на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, се реализираше едукативен квиз по физика под наслов „Физика преку предизвик – Колку ја познаваме науката?“.
Преку интересни прашања, логички предизвици и интерактивни задачи, учениците ги проверуваа и прошируваа своите знаења од физиката, откривајќи ја поврзаноста на научните сознанија со секојдневниот живот.
Активноста поттикна љубопитност, критичко размислување, истражувачки дух и тимска соработка, покажувајќи дека науката може да биде интересна, достапна и забавна.
👏 Браво за сите ученици кои со знаење, љубопитност и натпреварувачки дух се вклучија во овој научен предизвик!
Реализатори на активноста:
- Наставник по физика: Тони Јакимовски
- Наставник-советник: Лариса Жулина-Митовски
Науката нè поттикнува да прашуваме, истражуваме и откриваме – затоа што секое ново знаење е чекор кон подобра иднина! 🌍🔬