Да го запознаеме нашето културно наследство- во посета на Градскиот музеј- Крива Паланка

Денеска учениците од IV одделение при ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, во придружба на своите наставнички и образовниот асистент беа на посета на Градскиот музеј, а согласно програмата по предметот Историја и општество.

Таму учениците имаа можност да ги разгледаат етнолошката, археолошката и историската поставка, да се запознаат со богатото културно-историско наследство на нашиот крај и да откријат интересни приказни за животот, обичаите и традициите на генерациите пред нас.

Посетата беше многу интересна и поучна, а учениците покажаа особен интерес, голема љубопитност и желба да учат и да го откриваат минатото на нашиот крај.

Упатуваме голема благодарност до вработените во музејот, кои со голема љубов и стручни објаснувања не примија и не водеа низ историските и етнолошките поставки!