Наставници и стручни соработници од нашето училиште учествуваа на онлајн работилница за превенција од насилство
На 11.11.2026 година, наставници и стручни соработници од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка учествуваа на онлајн работилницата „Заедно во приказната: превенција од насилство преку инклузивен драма-образовен пристап“, организирана од ОУРЦ „Иднина“ – Скопје, во рамки на проект поддржан од Министерството за образование и наука.
На работилницата учествуваа над 80 наставници и стручни соработници од три училишта. Преку примена на драма-образовни техники беа претставени пристапи за препознавање и превенција на насилството, поттикнување позитивни односи меѓу учениците и создавање безбедна и инклузивна училишна средина.
Учеството на вакви едукативни активности придонесува за професионален развој на наставниците и стручните соработници и за унапредување на превентивните активности во училиштето.