ДЕТСКА НЕДЕЛА 2024 – „Правата на детето-безбеден чекор кон среќно детство
Во периодот од седми до тринаесетти октомври, во нашето училиште секојдневно се реализираа активности со сите ученици под мотото „Правата на детето-безбеден чекор кон среќно детство“:
На 7.X 2024 год. (понеделник) – Сите ученици од I (прво) до IX (деветто) одделение, на одделенските часови, следеа презентација за детските права (од Конвенцијата за правата на детето). А, вистинското отворање на Детската недела 2024 се одбележа веднаш после одделенскиот час со свечено доделување на бесплатни ученички унформи за секое дете од страна на Градоначалникот г-дин Сашко Митовски. Тој со овој историски чин уште еднаш покажа дека Еднаквоста е, и може да биде темел за успех и хармонична училишна и општествена средина. Нашите ученици срдечно му се заблагодарија и го поздравија со пораки за правата и обврските на секое дете. Во истиот ден во вториот матичен објект познат под името „Партизан“, по иницијатива на нашата драга колешка, одд.наставник Даниела Ѓоргиовска, во чест на Никола Ѓоргиовски и Фросина Цековска кои прерано не напуштија, а беа дел од нашето училиште, свечено се отвори ресурсната соба, насловена по нив „Фроникс“.
На 8. X 2024 год. (вторник) – учениците од петто одделение со своите одделенски наставници, припремија програма со драматизација, рецитали, шеги и песни за учениците од прво одделение со што им посакаа топло добредојде во Училишната организација.
На 9. X 2024 год. (среда) – учениците IX одделение под менторство на наставничката Милена Божовска подготвија презентација, рецитал и драматизација на германски јазик, наменети за учениците од VI одд. и на тој начин дадоа свој придонес во одбележувањето на Детската недела 2024 година под мотото „Правата на детето-безбеден чекор кон среќно детство“.
На 10. X 2024 год. (четврток) – учениците од седмо одделение, под менторство на наставничките Јасна Ѓеорѓиевска и Христина Илиевска, подговија драматизација на тема “Час по демократија”, наменета за учениците од петто одделение, преку која упатија јасна порака дека секое дете има права, но и обврски.
На 13. X 2023 год. (понеделник) – во училишниот двор се организираше спортски ден, наменет за сите ученици од I (прво) до IX (деветто) одделение, при што учениците имаа можност да уживаат во традиционалните игри, заедно со своите родители и наставници.
Aктивностите можете да ги проследите на следниве линкови:https://drive.google.com/drive/mobile/folders/1sWtPrwDw0MktpuC441Xy549h-UZD87dB?usp=sharinghttps://drive.google.com/drive/mobile/folders/1fAnEo-ppoW8MCSnKcKUN8nNdJLEMg2Tv?usp=sharing.