Отворањето на Детската недела 2024 под мотото „Правата на детето-безбеден чекор кон детството“ во нашето училиште се одбележа со свечено доделување на бесплатни ученички унформи за секое дете од страна на Градоначалникот г-дин Сашко Митовски.Тој со овој историски чин уште еднаш покажа дека Еднаквоста е и може да биде темел за успех и хармонична училишна и општествена средина. Нашите ученици срдечно му се заблагодарија и го поздравија со пораки за правата и обврските на секое дете.
Во истиот ден во вториот матичен објект познат под името„Партизан“, по иницијатива на нашата драга колешка, одд.наставник Даниела Ѓоргиовска, во чест на Никола Ѓоргиовски и Фросина Цековска кои прерано не напуштија, а беа дел од нашето училиште, свечено се отвори ресурсната соба, насловена по нив„Фроникс“.