На 29.06.2022 во ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка се одржа настан по повод дисеминација на Еразмус+ проектот „ Една мисија, една визија, еден фокус“.
Во проектот учествуваат училишта од Македонија, Романија, Турција, Словачка и Италија и заедно работат на теми поврзани со инклузија на учениците со посебни потреби.
Наставниците и стручните соработници од ООУ „Јоаким Крчовски “ Крива Паланка (Габриела Стојановска-координатор, Анета Стојковска, Светлана Ристовска, Изабела Павловска и Марина Јакимовска-Митовска, Викторија Груевска, Марина Ристовска и Елена Николовска) кои беа вклучени во мобилноста во Сицилија-Италија и Турција ги презентираа своите искуствата на тема аутизам- препознавање и изготвување на ИОП-индивидуални образовни планови)
Настанот имаше за цел да го потенцира значењето на инклузивноста на учениците со посебни потреби во наставата.
Модератор на настанот-Габриела Стојановска-кординатор на проектот