На 30.06.2021 во Europe house Крива Паланка се одржа настан по повод дисеминација на Еразмус+ проектот „ Една мисија, една визија, еден фокус“. Поради големата заинтересираност настанот се одржа во два термина. Во проектот учествуваат училишта од Македонија, Романија, Турција, Словачка и Италија и заедно работат на теми поврзани со инклузија на учениците со посебни потреби.
Наставниците од нашето училиште ООУ „Јоаким Крчовски “ Крива Паланка (Габриела Стојановска, Анета Стојковска, Јасна Ѓоргиевска, Изабела Павловска и Елена М.Давидовска) кои беа вклучени во мобилноста во Сицилија-Италија ги презентираа своите искуствата на тема дислексија кај учениците и препознавање.
Настанот имаше за цел да го потенцира значењето на инклузивноста на учениците со посебни потреби во наставата.
Модератор на настанот-Габриела Стојановска