На 17.01.2020 год во ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка се изврши дисиминација на Еразмус+ проектот „Една мисија, една визија, еден фокус“ на тема- Инклузивно образование и АДХД синдромот. Носители на овој проект се тимот на наставници од ООУ„Јоаким Крчовски“
На дисиминацијата присуствуваа 80 наставника и 3 стручни соработници од училиштето поделени во две групи. Дисиминацијата ја водеа: Габриела Стојановска-кординатор на проектот, Даниела Ѓорѓиовска, Марина Стојковска, Елеонора Давитковска и Елена Ѓошевска-Младеновска-наставници во училиштето. Тие на своите колеги им ги пренесоа своите знаења и стекнати вештини во текот на нивната мобилност која се одржа но ноември 2019 год. во Крајова-Романија.
Дисиминацијата беше во насоки на :
- Наставниците да се запознаат со инклузивното образование во нашата држава и во државите партнери на проектот
- Наставниците да се запознаат со АДХД синдромот
- Да се подобри мотивираноста и да се зголеми креативноста на наставниците и стручните соработници при работа со ученици со посебни потреби
Проект има за цел да ги обучи и подготви наставниците и стручните соработници за работа со ученици со посебни потреби.