На 7.02.2022 во Europe house Крива Паланка се одржа настан по повод дисеминација на Еразмус+ проектот „ Целиот свет е сцена“. Во проектот учествуваат училишта од Македонија, Романија, Турција, Полска, Португалија и Италија. Наставниците од нашето училиште ООУ „Јоаким Крчовски “ Крива Паланка ( Елена М Давидовска и Изабела Павловска) и учениците(Александар Јакимовски, Константин Давидовски, Глорија Груевска и Марија Стојчевска) кои беа вклучени во мобилноста во Португалија ги презентираа своите искуствата стекнати на мобилноста. Настанот беше посетен од ученици од ООУ “Јоаким Крчовски “и СОУ “Ѓорче Петров ” и имаше за цел да ги мотивира учениците да учествуваат во вакви и слични проекти каде се стекнуваат со нови искуства и нови пријателства. Модератор на настанот-Елена М Давидовска.