На 30.03.2024 година , на филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје се одржа државниот натпревар по француски јазик за учениците од деветто одделение – Олимпијади на кој учествуваа најдобрите франкофони од земјава.
На натпреварот учествуваа 2 ученички од деветто одделение од ООУ ” Свети Јоаким Крчовски ” – Крива Паланка кои претходно победија на регионалниот натпревар, под менторство на професор Елена Николовска и тоа: Ивана Младеновска 9-5 одд, Стефани Симонова 9-5 одд.
Стефани и Ивана ги покажаа своите одлични знаења по француски јазик и постигнаа солидни резултати на натпреварот : Стефани Симонова освои 6то место, а Ивана Младеновска 7мо место на државниот натпревар Олимпијади.