Е-Твининг е жива заедница која има вклучено во своите 13 години постоење, повеќе од 500,000 наставници кои работат во 190.000 училишта. Направени се повеќе од 70,000 проекти,кои вклучуваат повеќе од 2,000,000 ученици од цел континент. Е-Tвининг – заедница на училишта во Европа и соседни партнерски земји – е акција наменета за училишта, финансирана од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус +. Вклучува наставници од 36 Европски земји и 8 соседни земји.
Училиштето „ Свети Јоаким Крчовски“ Крива Паланка активно е вклучено во е-Твининг платформата веќе десетина години. Наставниците активно работат на е-Твининг проекти и се добитници на повеќе е-Твининг награди.
Училиштето оваа година аплицираше и во конкуренција од повеќе училишта од Европа ја доби ознаката за е-Твининг училиште. Како е-Твининг училиште училиштето„ Свети Јоаким Крчовски “ ќе биде препознаено на картата на европските училишта како училиште со развиени иновативни методи, техники и ИКТ алатки во наставата.
Посебно заслуга за оваа награда имаат наставниците, учениците и директорот на училиштето, кои неуморно работат и соработуваат се со една единствена цел- ПОДОБРА И ИНОВАТИВНА НАСТАВА.