Денес имавме прекрасно и незаборавно искуство на граничниот премин Деве Баир, заедно со учениците од второ одделение, III-5 и V-2 одделение. Денот беше исполнет со радост, љубопитност и многу нови сознанија.
Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со начинот на функционирање на граничниот премин, како и со важната улога што ја имаат полициските службеници, цариниците и шпедитерите.
Голема благодарност упативме и до шпедициските компании „МКД Шпедиција“, „Лариком Импекс“ и „Даути Шпед“, кои несебично го споделија своето знаење и искуство со најмладите. Се вративме со позитивни впечатоци, збогатени со нови знаења и со желба за уште вакви едукативни посети во иднина.