Во рамките на Еразмус + проектот, „Една мисија, една визија, еден фокус“-во периодот од  20.09.2021 до 24.09.2021 во Бурса-Турција, беше реализирана трета средба помеѓу партнер училиштата од Романија, Турција, Италија, Словачка и Северна Македонија.

На почеток на средбата училиштето домаќин не пречекаа со   традиционален турски фолклор . По срдечното добрeдојде, директорот на училиштето ни посака  плодна и успешна работа. Првиот ден нашите домаќини ни го претставија нивното училиште, училниците, кабинетите и сл.

Фокусот на оваа средба беше Аутизмот кај учениците, како да се препознае и ИОП плановите (индивидуални образовни планови). Училиштето домаќин имаше презентација за овој вид состојба и преку примери објасни како да се препознае и како да се работи со ученици со ваква состојба. Сите учесници во обуката имаа презентации и видеа за аутизамот во нивните училишта и презентираа ИОП планови.

Домаќините успеаа да ја претстават својата традиција, култура, историја и образование во текот на нашата посета и да направат сите да се чуствуваат пријатно и добредојдено. 

.Во текот на средбата кординаторите на проектот исто така ги договорија и понатамошните активности и средби.

Кординатор на проектот,

Проф. Габриела Стојановска