
Групната мобилност на осумнаесет ученици и пет наставници од училиштето „Свети Јоаким Крчовски“ во Париз, Франција, траеше во периодот од 14.10.2024 до 19. 10. 2024 година.
Мобилноста во Франција траеше пет дена и за ова време ученици од Северна Македонија, Франција, Италија и Грција учествуваа во Еразмус олимписки игри, односно учениците во мешани групи учествуваа во разни спортски игри. Во рамки на мобилноста го посетивме музејот Лувр, Монмартр, Ајфеловата кула, плоштадот Трокадеро. Покрај уживањето во убавинате на Париз, учениците научија и за историјата и културата на Франција.
На последниот ден од нашата мобилност, бевме дел од завршната прослава каде што пеевме и игравме традиционални македонски, грчки, француски и италијански песни и ора. Оваа културна размена ги зближи учениците и наставниците, создавајќи весела атмосфера исполнета со музика, танц и смеа.
Оваа групна мобилност беше исполнета со културни и едукативни искуства, создавајќи трајни спомени и збогатувајќи ги нашите знаења за македонската и францускатакултура. Не само што беше извонредно искуство за нашето образование и развој, туку и имаше длабоко влијание врз нашето сознание за важни прашања како менталното здравје и спортот. Овие теми се од суштинско значење за нашата заедница и за нашето раснење како индивидуи и како глобални граѓани.