
Од 09 до 11Октомври 2024, наставници од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ Крива Паланка присуствуваа на вторатаработна средба на наставниците и кординаторите од меѓународниот Еразмус проект „Еколошки агропретприемачи на иднината“ во Брисел, Белгија.
Меѓународниот проект „ Еколошки агропретприемачи на иднината“2023-1-TR-KA220-SCH-00016017 се спроведува од Јануари 2024 година и е финансиран од Европската Унија. Главен кординатор на проектот е Турција, во проектот учествуваат како партнери Македонија, Полска и Белгија, Австрија и Шпанија.
Главната цел на проектот е да им овозможи на учениците знаење за целите на агропретприемачите и да им се помогне да развијат одговорен однос кон животната средина и земјоделството.
За време на овој состанок, се дискутираше за понатамошните активности од проектот, односно подготовка на материјали за обука на наставници сотема- Одржлив развој иагропретприемачи, одржување на веб-страна, СТЕМ активности во проектот и сл.