Во рамките на Неделата на кодирање, која се одбележува во голем број земји на светско и Европско ниво, и во нашето училиште беа реализирани активности.

Учениците од I-III одделение реализираа активност „Есенски кодови“

Учениците од VI-VII одделение со помош на уредот „Микро:бит компонираа музика, користејќи го блок-кодирањето на “MakeCode”- образована веб платформа за програмирање, дизајнирана од страна на Мајкрософт за деца . MakeCode е извонредна алатка за образование и учење на програмирање и технологија кај децата и почетниците, бидејќи го прави програмирањето забавно и интересно. Учениците можат да се забавуваат и да учат за програмирање и музика преку овој едукативен алат.

Кодирањето им помогна да станат подобри решавачи на проблеми, да го прошират разбирањето за тоа како функционира технологијата и да развиваат вештини и способности да истражуваат нови идеи.

Европската недела на кодирање е движење на пошироко членство со цел промовирање на кодирањето како креативно и забавно, секој може да се приклучи без разлика дали има искуство со кодирање или не. Кодирањето преку разни активности Ве учи на компјутерско размислување, решавање на проблеми, креативност, критичко размислување, поврзување на луѓето и тимка работа.

Сите ученици и нивните наставници добија  сертификати за учество.