Под мотото “Францускиот јазик ги отвора вратите ширум светот”, на 15.03.2024 година во преполната сала на Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа дванаесеттата по ред франкофонска вечер во организација на професорката по француски јазик и амбасадор на францускиот јазик во земјава, Елена Николовска од ООУ “Свети Јоаким Крчовски”, Крива Паланка. Гости на вечерта кои беа Камил Ферари, претставник од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, одговорна за промоција на францускиот јазик и Кети Димковска, советник по француски јазик во Бирото за образование на Македонија. Оваа вечер обедини шеесет млади франкофони ученици од централниот објект на ООУ “Свети Јоаким Крчовски” и подрачните училишта од Жидилово и Дурачка Река, кои рецитираа, драматизираа и пееја на француски јазик. – Неуморните франкофони од нашето училиште, уште еднаш се истакнаа со своите јазични компетенции на француски јазик. Во Крива Паланка една ваква манифестација што ги промовира францускиот јазик и култура се одржува секоја година по ред, почнувајќи од 2013 година, а на моја иницијатива и сѐуште опстојува, пружајќи им можност на сите ученици што го изучуваат јазикот да се претстават со своите способности пред пошироката јавност. Оваа година тоа го препозна нашиот сограѓанин кој живее и работи во Париз, но никогаш не ги заборава нашите млади таленти, г-дин Ненад Коцевски кој со компанијата “ГДР Компани” е генерален покровител на настанот. Благодарност до сите присутни на настанот што ги проследија перформансите на учениците, изјави професорката Николовска. По настапот се одржа коктел за учениците во Eвропската куќа Крива Паланка, каде им доделивме пофалници и награди за учениците.