ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка со особена гордост ги објавува имињата на учениците кои оваа учебна година учествуваа во изборот за првенци на генерација.
Изборот е извршен врз основа на утврдени критериуми согласно со Училишниот правилник за пофалби и награди, при што беа разгледани постигнувањата и освоените поени на сите пријавени ученици.
Согласно со член 75 став 3 од Законот за основно образование, училиштето избира најмногу тројца ученици за ова признание.
Првенци на генерација се:
Ива Стојановска (IX-5)
Илија Младеновски (IX-2)
Клаудија Јовановска (IX-1)
Им честитаме на сите ученици за вложениот труд и постигнатите резултати, а на избраните првенци им посакуваме многу успех во понатамошното образование и новите предизвици!
По повод 24 Мај Денот на сесловенските просветители, Општина Крива Паланка организра конкурс на кој од ООУ„Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка ќе биде предложена ученичката – Ива Стојановска IX-5 одд. бидејќи има најмногу поени.