На 26 и 27.10.2012 година во нашето училиште се одржаа интерни работилници за наставници за користење на смарт-табла во наставата. Овие работилници ги реализираше училишниот тим за професионален развој, а ги проследеа 39 наставници. Сите кабинети во училиштето се опремени со компјутери и лаптопи со иновативен и едукативен софтвер и интернет врска, со што се овозможува осовременување на наставниот процес и примена на интерактивни методи во процесот на постигнување знаење. Примената на овој тип настава овозможува збогатување на образовниот процес со мултимедијални содржини, користејќи ги алтките кои доаѓаат заедно со специјализираниот софтвер наменет за оваа табла.