На 15 август 2024 година, Крива Паланка по четврти пат беше домаќин на Europ’Raid, првата авантуристичка обиколка со автомобили „Пежо 205“ низ 20 земји во Европа, во рамки нивното 9-то издание кое се одржува од 03-24 август 2024 година.
Француските авантуристи од „Ероп рeд” кои со 190 автомобили и годинава патувајќи низ Европа шират хумана мисија за меѓународна помош и соработка, донираа околу 1,8 тони училишен прибор, материјали и спортска опрема за франкофоните од ООУ „Свети Јоаким Крчовски”, Крива Паланка. На настанот се обратија Даниел Меркез, Прв секретар во Амбасадата на Франција во РС Македонија, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, Директорката на училиштето, Анета Стојковска и Жулиет Бертран, од организацијата на Europ’Raid.
Градоначалникот Митовски се заблагодари на Амбасадата на Франција што и годинава ја одбра Крива Паланка за град – домаќин, како и за хуманата мисија на младите француски државјани.
Организацијата на Еуроп Ред во соработка со Амбасадата на Франција, ја одбраа Крива Паланка за македонски град домаќин поради добро познатите активности во областа на Франкофонијата, благодарејќи на професорката по француски јазик од ООУ „ Свети Јоаким Крчовски”, Елена Николовска, чиишто заложби и достигнувања во областа на франкофонијата се иницијална точка за оваа посета и соработка.
Вo дворот на училиштето ООУ „Свети Јоаким Крчовски”, се одржа франкофонски музички спектакл збогатен со стиховите на француската поезија, преку најразлични изведби на франкофонски и македонски песни, подготвени од учениците од централното училиште, ПОУ с.Жидилово и ПОУ с.Дурачка Река под менторство на професор Елена Николовска со поддршка на директорката Анета Стојковска и помошник директорката Биљана Пешовска, а свој придонес во подготовките имаа и наставниците Тања Димитровска Шкрбиќ, Христина Илиевска, Анета Спасевска Ѓоргиевска, Александра Јовановиќ, Марина Станишковска Пешовска и Дејан Ангеловски.