Во чест на Меѓународниот ден на музиката, учениците од нашето училиште учествуваа на креативна работилница во Европската куќа. Тие имаа можност да се запознаат со историјата и значењето на овој празник, како и со неговата цел – да го славиме музичкиот јазик кој ги обединува луѓето низ светот. Покрај тоа, учениците самостојно изработија музички инструменти и заедно учествуваа во изведба на ритмички вежби, поттикнувајќи ја нивната креативност и љубов кон музиката.