Со многу љубов, ентузијазам и посветеност, нашите млади франкофони, под менторство на проф. Елена Николовска, приредија прекрасна програма по повод пристигнувањето на Europ’Raid во Крива Паланка.
Голема благодарност до Europ’Raid за убавите подароци наменети за нашите франкофони.
Посебна благодарност до Општина Крива Паланка за поддршката и топлото гостопримство при одржувањето на настанот.
Искрена благодарност до Амбасадата на Република Франција во Северна Македонија за континуираната поддршка и за негувањето на франкофонијата и пријателството меѓу нашите две земји. 

