Фондацијата Бел идеал од Париз, Франција организираше многу убава национална франкофонска вечер која се одржа на 31 март 2023 година во центарот за култура во Крива Паланка каде учествуваа седум училишта од шест македонски градови: ООУ « Јоаким Крчовски » и СОУ « Ѓорче Петров » од Крива Паланка, ООУ « Св. Климент Охридски » од Битола, ООУ «Ванчо Китанов» од Пехчево, ООУ «Гоце Делчев» од Неготино, ООУ «Свети Кирил и Методиј» од Велес и ООУ «Невена Георгиева Дуња» од Скопје.
Младите франкофони од ООУ « Јоаким Крчовски » од Крива Паланка, под менторство на нивната професорка по францукси јазик, Елена Николовска, танцувајќи, пеејќи и глумејќи на француски јазик, се претставија во одлично светло на националната франкофонска вечер.
На овој настан присуствуваа: Неговата Екселенција, г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција во Северна Македонија, г-ѓа Љупка Димова, Аташе за изучување и развој на францускиот јазик во францускиот институт во Скопје, Г-ѓа Лусил Делане и г-ѓа Орели Буафар, претставници на фондацијата ОРКОМ од Франција, г-ѓа Кети Димковска, советник за француски јазик во Бирото за развој на образованието во Северна Македонија, г-дин Сашко Митовски, Градоначалник на Општина Крива Паланка, професори од Филолошкиот факултет и други образовни иснтитуции.
Сите учесници на овој прекрасен настан добија пофалници и подароци за нивното учество, а со нетрпение очекуваме кој ќе биде учесникот од нашето училиште на франкофонскиот камп кој ќе се одржи во јуни 2023 година во организација на Бел идеал. Со среќа, драги ученици!