Здружението на професори по француски јазик во соработка со FIPF, AUF и CRU le Très FLE, во периодот октомври – ноември 2022 година го организираше проектот EcoFRAlogie. Главната цел на овој проект и натпреварите во рамките на истиот, беше преку забавни и креативни активности да се подигне свеста на учениците за климатските промени како глобален проблем на нашата планета.
Проектот беше поделен по нивоа при што во категоријата за основно училиште, учениците од осмо и деветто одделение, во групи, требаше да изработат постер на оваа тема со пароли на француски јазик. Најуспешните постери од натпреварите од проектот се дел од создавањето на преводот на книгата „Човекот што садеше дрвја“ од Жан Жионо на македонски јазик.
Младите франкофони од ООУ “Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка: Ивана Младеновска од VIII-5 одд, Стефани Симонова VIII-5 одд, Мартина Петковска VIII-5 одд, Дарија Стефановска VIII-5 одд, Анабела Стоилковска VIII-5 одд , Ивана Китановска IX-5 одд, Нела Николовска IX-5 одд , Магдалена Јовановиќ IX-5 одд и Ива Алексовска IX-5 одд, зедоа активно учество во проектот под менторство на нивната професорка по француки јазик, Елена Николовска.
Постерот на ученичките Ивана Младеновска и Стефани Симонова под мотото “Да се дејствува сега пред да биде предоцна” доби специјална награда и истиот е испечатен во книгата.
Сите учесници беа наградени, а наградите на учениците од нашето училиште им беа доделени од страна на директорот на училиштето, Дане Петровски и професорката по француски јазик, Елена Николовска, при што учениците имаа можност да поразговараат за активностите во проектот и да ги пренесат своите досегашни искуства.
Повеќе информации за активнoстите од проектот можете да погледнете на следниот линк: facebook