На 27 март 2024 година во Спомен Домот АСНОМ во Делчево се одржа втората Национална франкофонска вечер во организација на фондацијата Бел идеал од Париз, Франција. На оваа манифестација учествуваа 127 млади франкофони од 11 училишта од 8 македонски градови: Делчево, Пехчево, Куманово, Крива Паланка, Неготино, Велес, Битола и Скопје.
Многубројната публика, вклучувајќи ги Неговата Екселенција г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, г-ѓа Јадранка Бојковска Бенрејдал, Претседател на фондацијата Бел идеал, г-ѓа Кети Димковска, советник по француски јазик во Бирото за развој на образованието, г-дин Горан Трајковски, Градоначалник на Општина Делчево, г-дин Александар Китански, Градоначалник на Општина Пехчево, имаа можност да уживаат во прекрасните изведби на француски јазик, во звуците на француските шансони, да прошетаат низ Париз преку театарските претстави, да рецитираат познати стихови од француските поети.

Меѓу бројните учесници беа и ученици од ООУ ” Свети Јоаким Крчовски ” – Крива Паланка под менторство на професор Елена Николовска и тоа : Анабела Стојанова од ПООУ с. Дурачка Река која ја интерпретираше песната “Frère Jacques” (Брат Жак) на флејта како и учениците од 7-5 одделение: Ива Стојановска, Максим Груевски, Симеон Ристовски, Лана Велковска, Матеа Јовановска, Милан Гоговски, Христијан Стојановски, Стефана Јакимовска, Ана Стојановска и Матеј Манојловски кои претставија неколку франкофонски земји како туристи во Париз во рамки на скечот “Nos nouveau amis” (Нашите нови пријатели).

Имено , г-ѓа Јадранка Бојковска Бенрејдал приреди изненадување за учесниците на франкофонската вечер каде 5 ученици добија учество на еднонеделен летен франкофонски камп кој ќе се одржи од 26 јуни до 2 јули 2024 година во Охрид, а меѓу наградените е и нашата ученичка Анабела Стојанова од ПООУ с.Дурачка Река.
Честитки Анабела и ти посакуваме убав престој.