Во текот на учебната 2022/2023 година, се одржаа повеќе натпревари на општинско, регионално и државно ниво по француски јазик, организирани од страна на акредитираното Здружение на професори по француски јазик во соработка со фондацијата Бел идеал од Париз, која воедно ги спонзорира наградите од овие натпревари. Оваа година, фондацијата ги изненади најуспешните франкофони од земјава организирајќи летен франкофонски камп, односно сите ученици кои имаа освоено прво, второ и трето место на државните натпревари по француски јазик за основно и средно образование, имаа можност да учествуваат на истиот од 20-25 јуни 2023 година во Михајлово, Кавадарци.

       Најуспешните франкофони од ООУ Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Симеон Ристовски 6-5одд, Ива Стојановска 6-5 одд, Лана Велковска 6-5 одд и Стефани Симонова 8-5 одд под менторство на проф.Елена Николовска, беа меѓу најдобрите 36 ученици од 10 македонски града, кои учестуваа на  летниот камп.
             Учениците во четири тима, поделени според нивото на познавање на францускиот јазик, ги реализираа предвидените активности и проекти, но и контактираа меѓу себе, создаваа нови пријателства. Имаше од сѐ по малку: дружба во природа, заеднички пикник во планина, изработка на постери, анимација на работилници на професори по француски јазик, пишување и рецитирање поезија, глума и смеа, театарски претстави, изработка на постери, караоке на француска музика, проекции на француски филмови Тимовите на крајот имаа можност да ги презентираат своите изработки, креации и активности, а најдобрите добија награда. За подобро меѓусебно запознавањесите учесници  ги презентираа градот и регионот од кој доаѓаат, а на еднодневната екскурзија низ Кавадарци ги посетијаТиквешкото езеро, Винскиот музеј, Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, Спомен-куќата на народниот херој Страшо Пинџур и Споменикот на дванаесетте ваташки младинци.
         Летниот франкофонски камп беше посетен од страна на НЕ г-дин Сирил Бомгартнер, Aмбасадор на Франција во С Македонија придружуван од делегација на пратеници на Државно Собрание на Франција. Тие со задоволство присуствуваа на разновидни работилници на учениците: поезија, рачни изработки, театар и франкофонска музика. Планината, чистиот воздух, а особено мотивацијата на учениците ги воодушевија гостите.