Во периодот од 31 ОКТОМВРИ до 5 НОЕМВРИ 2022 година во рамките на Ерасмус плус проектот “Целиот свет е сцена” нашето училиште учествуваше на петтата мобилност во Хопа,Турција.
Претставници кои зедоа учество беа наставниците Елена М. Давидовска наставник по англиски јазик воедно и координатор на проектот и Билјана Петковска Антовсла одделенски наставник како и учениците Хана Ѓорѓиевска, Невена Стаменковска, Алекс Петровски и Александар Стаменковски. Целта на овој проект е преку театар и актерство да се усовршат вештините по англиски јазик. Учениците и наставниците имаа можност да де запознаат и разменат искуства со учесници од пет други европски држави меѓу кои освен С. Македонија и Турција учествуваа и Полска, Португалија, Романија и Италија.
Во рамките на мобилноста беа посетени повеќе места во Турција како Трабзон и околината,Артвин, Ризе, како и други познати туристички места. Имаше посета на многу административни и бизнис места. Гостопримливоста
Мобилноста заврши со филмувана верзија на куклената театарска претстава Hansel and Gretаl во изведба на сите ученици кои беа учесници во мобилноста. Имаше и посета на општината и градоначалникот каде срдечно бевме примени. Градоначалникот им врачи подароци на сите учесници на проектот и се заблагодари за посетата и успешната реализацијата на проектот. Целиот проект е финансиран од страна на Европската унија.