Во период од 4 до 8 Април 2022 година во рамките на Ерасмус плус проектот “Целиот свет е сцена”нашето училиште учествуваше на втора мобилност во Крајова,Романија.
Претставници кои зедоа учество беа наставниците Елена М. Давидовска наставник по англиски јазик воедно и координатор на проектот и Биљана Алексовска одделенски наставник како и учениците Катерина Алексовска, Леа Симонова, Милан Димитровски и Павел Милчевски.Целта на овој проект е преку театар и актерство да се усовршат вештините по англиски јазик.Учениците и наставниците имаа можност да де запознаат и разменат искуства со учесници од пет други европски држави меѓу кои освен С. Македонија и Романија учествуваа и Полска, Португалија, Италија и Турција.
Во рамките на мобилноста беа посетени повеќе места како зградата на регионалниот административен центар ,административната зграда на универзитетот во Крајова,градскиот музеј,уметничкатс галерија,паркот Николу Романеску и ботаничката градина.Во тек на мобилноста беше посетен и куклениот театар во Крајова,но и театарот во Каракал ,помал град во Романија ,но од огромнно значење за театарската уметност.
Мобилноста заврши со филмувана верзија на театарска претстава Twelve Dancing Princesses во изведба на сите ученици кои беа учесници во мобилноста.Целиот проект е финансиран од страна на европската унија.
Трет ден