Во рамките на Еразмус + проектот, „Една мисија, една визија, еден фокус“-во периодот од 16.05.2022 до 21.05.2022 во Багерија-Сицилија-Италија, беше реализирана мобилност на наставници помеѓу партнер училиштата од Романија, Турција, Италија, Словачка и Северна Македонија.
На почеток на средбата училиштето домаќин не пречекаа со традиционални фолклорни песни. По срдечното добрeдојде, кординаторот на проектот ни посака плодна и успешна работа.
Фокусот на оваа средба беше разработка и изготвување на ИОП плановите (индивидуални образовни планови за ученици со посебни потреби). Училиштето домаќин имаше презентација за овој вид планови-ИОП и детално објасни како тие се применуваат во нивната земја. Сите учесници во обуката ги презентираа ИОП планови во нивните земји и потоа заедно изготвуваа заеднички планови.