На 25.10.2024 година наставници од нашето училиште учествуваа на обуката „Инклузивно планирање„ кое беше одржано во просториите на  Интернационалниот балкански универзите во Скопје. Оваа обука беше одржана од страна на м-р Ивана Василевска Петровска -специјален едукатор и рехабилитатор и Катерина Величковска–специјален едукатор и рехабилитатор, стручни соработници во ОУРЦ„Иднина“-Скопје а во рамките на проектот: Инклузија на деца со ПОП, поддржан од Детска Фондација Песталоци, имплементиран од Отворете ги прозорците.