На 19 Октомври со учениците од VII-2 одделение часот по предметот Вештини за живеење беше одржан надвор од училиштето. Имено учениците заедно со наставничката Георгина Велковска и психологот Марина Јакимовска Митовска го посетија Црвениот Крст каде сите 24 ученика беа прошетани и запознани со работата на оваа хуманитарна организација и ја проследија и Презентацијата по повод 16 Октомври светски ден на гладта.