Нашето училиште, преку интерактивна, едукативна работилница го одбележа 9 Декември-Меѓународниот ден за борба против корупцијата. На оваа работилница учество земаа учениците од VII одделениe, под менторство на наставничките Христина Илиевска и Георгина Велковска, а истата е дел од годишната програма за Антикорупциска едукација на учениците во основните училишта. Што е морал, кое однесување е добро, а кое лошо, тоа всушност беше задачата на учениците од VII одделениe, кои ги проценуваа однесувањата на луѓето од секојдневниот живот. При тоа, учениците имаа можност на забавен, но истовремено и едукативен начин да се запознаа со поимот корупција како една негативна појава во општеството и преку игра од реални примери самите да откриваат и да препознаваат коруптивни и антикоруптивни форми на однесување, со ставање акцент на тоа дека човекот коруптивното однесување треба да го одбегнува и секогаш да се движи во насока на чесна и одговорна морална личност.