Денес , 6 феруари 2024 година, во нашето училиште беше одбележан Денот за побезбеден интернет. Се реализира работилница на тема: „Безбедно користење и заштита на приватноста на интернет“ со 39 ученици од VI оддeление.
За време на работилницата се реализирани следните активности:
- Презентација на тема: Безбедност на интернет;
- Разгледување на видео со наслов „Онлајн граблицви: Опасна средба“;
- Дискусија;
- Активност: Барометар на чувства/Feeling barometer
- Kahoot квиз „Онлајн безбедност“
Учениците имаа прилика да се запознаат со основните поими поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, опасностите на интернет, како да ги препознаат и како да си ја заштитат приватноста и безбедноста на интернет. Учениците се едуцираа за приватноста на социјалните мрежи, како и препознавање на говорот на омраза.
Учениците беа мотивирани да дискутираат во врска со заштитата на нивните лични податоци и приватноста на интернет.