По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, на 04.12.2023г., во нашето училиште се спроведе работилница под мотото “Еднаквост за сите”. Во неа учествуваа ученици од шесто одделение, под менторство на наставничката Христина Илиевска. Тие за време на часот по други активности, преку индивидуални и групни цртежи ги истакнаа правата на лицата со попреченост во областите како што се: еднаквост и недискриминација, слобода на движење, образование, пристап до стоки и услуги, вработување, пристап до правда, здравство… За време на работилницата се разговараше за прифаќање на различностите помеѓу луѓето и додека учениците активно твореа се вклучија во дискусија и при тоа со свои кометари ја истакнаа потребата од елиминирање на сите разлики помеѓу луѓето.