Со акростих “Македонскиот јазик”, лични творби, рецитации на одбрани стихови од Рацин и Конески учениците од ООУ “Свети Јоаким Крчовски” денес го збогатија одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. За значењето, чувањето и негувањето на македонскиот мајчин јазик едукативно предавање одржа Габриела Стојановска професор по македонски јазик од нашето училиште. Таа посебно се осврна на пишувањата и пораките на К.П.Мисирков за македонскиот јазик.Организатор на настанот беше библиотеката при НУЦК Крива Паланка.