По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, на 20.11.2023г., во нашето училиште се спроведе активност под мотото “Градење култура на соживот”. Во неа учествуваа ученици од шесто одделение, под менторство на наставничката Христина Илиевска. Тие за време на часот по други активности по претставувањето на презентацијата за Заштитните детски права, при што најголем акцент се стави на правата за заштита од насилство и дискриминација, направија цртежи по сопствен избор, претставувајќи еден начин на кој детето може да биде повредено, а потоа ги презентираа своите идеи како да биде заштитено. Од нивните идеи се извлече заклучок дека градењето култура на соживот што значи „заедничко живеење во хармонија“ е основа за подобрување на училишната клима во која постои меѓусебна комуникација, почитување и соработка и реагирање при појава на насилство. Едновремено претставува пристап на промовирање ненасилство, развивање на одговорноста и негување на заедницата во која се градат позитивни односи, самодоверба, мотивација, а сето тоа овозможува да се оствари правото на безбедна училишна средина.